logo
logo
logo

АКО НЕМА КОНСЕНЗУС, ПРЖИНСКАТА ВЛАДА ЌЕ СЕ УКИНЕ ПО СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ

Vecer | 14.01.2026

АКО НЕМА КОНСЕНЗУС, ПРЖИНСКАТА ВЛАДА ЌЕ СЕ УКИНЕ ПО СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ

Доколку има консензус веднаш ќе се укине пржинската власа, а ако СДСМ не се согласува со тоа, техничката влада ќе се укине после следните редовни парламентарни избори, рече денеска Биљал Касами по завршувањето на лидерската средба во Клубот на пратениците.

Во врска со Изборниот законик, Касами рече дека како претставник на коалицијата Вреди се заложил да се овозможи гласање на дијаспората, затоа што се важен чинител и економски многу придонесуваат за земјата.

– Се отвори тема околу изборните единици, дали да биде една, 3, 8 или да останат 6 како досега. Како и да се одлучи во врска со ова, ние сме за да има отворени изборни листи – изјави Касами по средбата.

Во врска со реформска агенда тој рече дека немале посебни забелешки и тие закони ќе се усвојат затоа што се суштински за европските интеграции на Македонија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk