logo
logo
logo

РИЧАРД ГРЕНЕЛ СЕ ЧЕКИРАШЕ ВО СКОПЈЕ, Владата потврди дека имал приватна средба со Мицкоски и со Муцински

Vecer | 01.08.2026

РИЧАРД ГРЕНЕЛ СЕ ЧЕКИРАШЕ ВО СКОПЈЕ, Владата потврди дека имал приватна средба со Мицкоски и со Муцински

Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, на Инстаграм објави видео од кое панорамски се гледа голем дел од Скопје.

Во објавата кратко пишува – Скопје, Македонија, е убав град. Па, може да се претпостави дека тој е или бил во посета на македонската престолнина.

Од Владата велат дека Гренел пред два дена, на 29 јули, бил во приватна посета на Скопје и имал приватна средба со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

„Амбасадорот Гренел на 29 јули 2026 година престојуваше во Скопје во приватна посета. Во рамки на неговиот престој беше реализирана приватна средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски која се одржа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и претставуваше продолжение на пријателските односи и меѓусебната комуникација“.

Гренел во изминатиот период имаше повеќе средби со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk