Пороен дожд и грмежи веќе ја зафатија Македонија, а првите посериозни нестабилности се забележуваат во планинските предели во источниот дел од земјата.
Развиена е грмежна облачност, проследена со пороен дожд, а локално се можни и поинтензивни врнежи во краток период.
Нестабилното време во текот на денот може постепено да се прошири и кон други делови од земјата.
Се препорачува зголемено внимание за возачите, особено на делниците со намалена видливост и влажни коловози, како и за граѓаните кои се на отворено во близина на активна грмежна облачност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата