logo
logo
logo

ТОА ШТО НЕМА ОБВИНЕНИЕ НЕ Е ДОКАЗ ДЕКА ФИЛИПЧЕ Е НЕВИН ЗА МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ

Vecer | 25.08.2026

ТОА ШТО НЕМА ОБВИНЕНИЕ НЕ Е ДОКАЗ ДЕКА ФИЛИПЧЕ Е НЕВИН ЗА МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ

Венко Филипче како прв човек на СДСM, а поставен на тоа место од неговиот другар Зоран Заев, кога станува збор посебно за здравството треба да молчи, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

– Неговите кажувања дека Обвинителството не покренало обвинение против него, покажуваат само дека обвинителот Ислам Абази е слеп пред доказите. Непокренувањето на обвинение е сè, само не е доказ дека Филипче е невин. Зошто? Бидејќи од предметот за модуларната во Тетово се гледа дека Филипче воопшто не го интересирало мислењето на вработените во Министерството за здравство и на стручните лица. На вработените им било јасно дека Филипче сторил криминал во случајот со 19 модуларни болници. Поточно, ова било видливо од фактот што ниту едно стручно лице не сакало да се потпише на анексот на Филипче, изготвен по пожарот во модуларната болница во Тетово, а со цел тој да се спаси од одговорност – рече Лефков.

Сведочиме на низа на пропусти при процедурата и самото поставување на модуларните болници, додаде тој.

– Факт е само тоа што Филипче не отстапувал од својата идеја. А сите знаеме дека резултат од тоа се изгорени 14 пациенти во модуларната во Тетово. Затоа талогот од СДСМ, заедно со првиот човек Филипче, можеби е најдобро да не кажуваат дека се грижат за здравјето на граѓаните, бидејќи сите сведочиме како завршува нивната грижа, со мртви пациенти – рече Лефков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk