Дваесет и двегодишен жител на тетовското село Брвеница се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од патничко возило, чиј возач по несреќата избегал од местото на настанот.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи Тетово, случајот бил пријавен на 23 јули 2026 година во 08:01часот. Сообраќајната несреќа се случила во село Брвеница, каде патничко моторно возило удрило во 22 - годишниот К.Ј од истото село, по што возачот избегал од местото без да му укаже помош.
Повредениот бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде од стран на лекарите му биле констатирани тешки телесни повреди.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата