Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2,6%. Кај домашните туристи има намалување за 4,4%, а кај странските има зголемување за 4,9%.
Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1,0%. Кај домашните туристи има намалување за 4,1%, а кај странските зголемување за 3,3%.
Најголем број од странските туристи биле од Турција (34.681), од Германија (9.578), од Србија (7.605) и од Бугарија (4.858).
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата