Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на патниот правец Свети Николе – Куманово, при што со повредени се здобиле неколку лица, потврдија од Територијалната противпожарна единица од Свети Николе.

Ужасот на патот се случил нешто пред 21 часот, по што на местото на несреќата веднаш било упатено противпожарно возило со спасувачки тим. Ситуацијата била толку критична што пожарникарите морале да изведат брза спасувачка акција за да ги извлечат повредените кои биле заробени во смачканите возила.

По драматичното извлекување и укажаната прва помош на терен, жртвите во тешка состојба биле предадени на екипите на Итната медицинска помош и итно транспортирани во болница.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата