Остануваме со јасна стратешка ориентација во надворешната политика, но исто така цврсто остануваме на позицијата дека во овој момент услови за уставни измени нема. Услови за уставни измени може да се создадат врз основа на градење меѓусебна доверба, како што често повторуваме, а меѓусебната доверба може да се изгради, прво, ако има институционални гаранции за што верувам дека нема проблем кај речиси сите земји членки, освен кај една - изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања.
- Тука е најголемата грижа и исто така очекувањето дека соседна Бугарија, кога би очекувала ние да го внесеме бугарското малцинство во нашиот Устав, најмалку што би можело да направи е да си ги исполни своите обврски во согласност со меѓународното јавно право, односно тука мислиме на Европската конвенција за човекови права - рече Муцунски во изјава за медиумите
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата