Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија има потенцијал и сподели многу охрабрувачки податок за иднината.
– Јас не би бил толку безнадежен. Јас верувам во македонскиот потенцијал и еве ќе споделам со вас еден податок за кој вчера бев брифиран од МВР, за прв пат после долго време во 2026 година досега имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство, отколку барања за отпис од македонското државјанство. Некаде околу 672 барања се за поврат во македонско државјанство, а некаде околу 318 се за отпис. Ова е прва година после не знам колку време тоа да се случува. Дали тоа е случајно јас не би можел да го кажам, но јас верувам во македонскиот народ, верувам во македонските граѓани, верувам во потенцијалот. Јас сум професор на универзитет, знам каков потенцијал сум образувал, знам со каков потенцијал располагаме и тоа коешто исто така го знам е дека можеме многу повеќе и покрај тоа што има и такви сили коишто не сакаат оваа држава да успее и шират дефетизам – рече премиерот Мицкоски во гостување на Телма.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата