logo
logo
logo

ДИЈАСПОРАТА МОРА ДА ГЛАСА, електронски или по пошта, вели Милошоски

Vecer | 30.09.2026

ДИЈАСПОРАТА МОРА ДА ГЛАСА, електронски или по пошта, вели Милошоски

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за гласање на дијаспората електронски или по пошта и подготвена е да даде поддршка за јавното финансирање на политичките партии, предлог што доаѓа од Левицата и ДУИ - изјави претпладнево Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието и претставник на ВМРО-ДПМНЕ во работната група за реформи во изборното законодавство, која треба да се состане во 11 часот во Министерството за правда. Милошоски потврди дека владејачката партија исто така, доколку се постигне консензус, ќе го прифати предлогот за една изборна единица. 

- ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на овој работен состанок со конструктивен и аргументиран пристап со цел да го доведеме до крај овој процес на усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, осовременување на Изборниот законик и, нормално, со што е можно поширок политички консензус. Но точно е дека има два проблеми. Едниот проблем е тоа што СДСМ одлучи да го бојкотира овој процес и тоа претставува хендикеп, без разлика дали оваа одлука е поврзана со внатрепартиски случувања или со став на паријата кон актуелното владејачко мнозинство и втората тема, која исто така се наметнува, е неусогласеното однесување на Левицата кон средствата што се наменети за политичко рекламирање во политичка кампања. Ние во предлог-законот веќе го прифативме она што беше понудено како компромис од Левицата и ДУИ заеднички и сега гледаме дека тој предлог се проблематизира, но како ВМРО-ДПМНЕ спремни сме, што и да договорат ДУИ и Левицата, заеднички да дадеме поддршка во однос на јавното финансирање. Единствената наша замолница е уставно загарантираното право секој државјанин да може да го оствари правото на глас, вклучително и дијаспората да биде испочитувана и со новата технологија на еден посовремен начин електронски или поштенски да им биде олеснет начинот на гласање на оние што се државјани на Македонија, а не се резиденти на државата - рече Милошоски. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk