logo
logo
logo

БРЗО И ЕФИКАСНО: Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога, УАПСЕНИ нарко-дилери во Струмица

Vecer | 30.06.2025

БРЗО И ЕФИКАСНО: Пресечен меѓународен канал за трговија со дрога, УАПСЕНИ нарко-дилери во Струмица

На улицата „Климент Охридски“ во Струмица се одвиваше полициска акција со големо присуство на полициски сили, каде биле лишени од слобода три лица осомничени за шверц на наркотична дрога.

Според неофицијални информации, Бирото за јавна безбедност преку Секторот за внатрешни работи Струмица се исправило на патот на канал за меѓународна трговија со марихуана, на релација Скопје – Струмица, со крајна дестинација најверојатно Бугарија или Грција.

Уапсените се двајца жители на Скопје и едно лице од Струмица.

Се работи за поголема количина на наркотична дрога.

Полицијата повторно испраќа силна порака дека борбата против организираниот криминал е приоритет и дека секој обид за шверц и трговија со дрога ќе биде решително санкциониран.

Акцијата претставува уште една потврда дека службите се будни, професионални и одлучни – без разлика дали станува збор за локални, регионални или меѓународни закани. Се очекуваат детали од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk