Времето на СДСМ и на ДУИ заврши, така треба да заврши и заштита на Венко Филипче, Зоран Заев и другите од нивните инсталации во правосудството, порача ВМРО-ДПМНЕ.
Јавноста со години е сведок и гледа како правосудството, кое самото себе се доведе до 2% доверба, не постапува еднакво кон сите, соопшти партијата.
„За едни, со тешки криминални дела и скандали, како Венко Филипче за модуларните, е заштитник, а други експресно ги гони и суди и за мали прекршоци. Едни од заштитените од правосудните органи, несомнено, се корумпираните и криминални структури во СДСМ и ДУИ, како што Венко Филипче, Зоран Заев, роднините на Али Ахмети и такви како нив. Секогаш кога трагите за криминалот водат кон политички и бизнис структури поврзани со СДСМ и ДУИ, се активираат нивните инсталации во правосудството и правдата стои во место, истраги нема, обвиненија паѓаат, се укинуваат пресуди“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Не може за трагедијата со 14 жртви во модуларната болница во Тетово да нема виновници, за случајот Ласкарци со 16 жртви да се укине пресудата, а за случајот Мазут тежок 167 милиони евра, да нема ниту истрага, порача партијата.
„Тоа не е правдата која граѓаните ја бараат и очекуваат, тоа е правда која штити поединци. На инсталираните и мал дел од корумпирани судии и обвинители, кои во време на власт на СДСМ и ДУИ работеа по принципот за едни законот да важи веднаш, а за луѓето блиски до овие партии секогаш да имаат изговор, одложување или заштита, треба да им е јасно дека нивното време одамна заврши. Македонија заслужува независно и професионално судство и обвинителство, а не политички бастион во кој одлуките зависат од партиските и бизнис интереси на СДСМ и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се залага за систем во кој нема недопирливи, нема привилегирани и нема да заштитени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Правда и одговорност мора да има, додаваат од партијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата