logo
logo
logo

Филипче, чуварот на благајната: ИЗГОРЕНИ ВО ПОЖАРИ, ПОЧИНАТИ ПОРАДИ КОРУПЦИЈА СО ВАКЦИНИ...

Vecer | 20.08.2026

Филипче, чуварот на благајната: ИЗГОРЕНИ ВО ПОЖАРИ, ПОЧИНАТИ ПОРАДИ КОРУПЦИЈА СО ВАКЦИНИ...

Филипче се врати од Паљури, откако фатил боичка сончајќи се на луксузната скапа јахта на Заев и се појави на прес-конференција да лаже и да манипулира.

Човекот кој е директно виновен за не поставување на минимум техничка спецификација за модуларната болница која се запали во Тетово и во која загинаа 14 лица, треба да одговара, а не да држи прес-конференции.

Но, бидејќи се уште се најголема опозициска партија на хартија, да им одговориме на прозивките, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче.

За Гостивар, граѓаните веќе знаат кој ја реши ситуацијата, поради неспособноста на Валбон Лимани, кадарот на Филипче, Ахмети и Таравари. Додека Филипче се сончаше на јахтата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја среди ситуацијата со водата, и истата е достапна и за техничка употреба но и за пиење. Во следниот период, надлежните органи треба да се позанимаваат со тоа кој е виновник за оваа криза, но и за над 400 негативни испитувања кои биле криени од Филипче за Гостивар, додека тој бил министер за здравство.

Во однос за просечната плата, во периодот од јули 2024 до мај 2026 година просечната плата се зголемила за 8.583 денари, или просечно за 373 денари месечно, додека пак од 2017 година до 2024 година кога власта ја предводеше СДСM таа се зголемила за 18.444 денари или околу 220 денари месечно. Да резимираме, бројките кои СДСM ги постигнала за 7 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира за еден мандат.

Во однос на просечната старосна пензија, истата во периодот од 2017 година до 2024 година кога СДСM владееше со државата, се зголемила за 7.664 денари или за 84 месеци влада, истата месечно се зголемувала за 91 денар. Од друга страна, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за само година и пол, пензијата ја зголеми за 7.000 денари, или во просек месечно за близу 300 денари. Тоа што СДСM го направил за 7 години власт, ВМРО-ДПМНЕ го реализираше за 18 месеци.

Јавниот долг пак, се зголемил од 47,7% во 2017 од БДП, и стигнал до 61,4% од БДП во 2024 година, односно власта на СДСM. Последните две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да го намали на 58,8%, односно за приближно 3% помалку.

И секако омилената тема на СДСM, а таа е инфлацијата, само кратко. Во времето на СДСM, поточно јули 2022 година, Македонија имаше просечна инфлација од 16% и таа беше во првите три највисоки во поширокиот регион и Европа, а денес, јули 2026 година, истата изнесува 2,3% и е една од најниските стапки на инфлација, во поширокиот регион и Европа.

Успешните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ, Венко Менгеле не може да ги побие со држење на прес-конференции за кои и блиските околу него не му веруваат.

Сепак ако Филипче смета дека граѓаните му веруваат на него, а не на ВМРО-ДПМНЕ, секако дека може да повика на избори, па да видиме граѓаните што мислат.

Но, стравот од можно изборно соочување се виде во очите на Филипче. И самиот е свесен дека ќе доживее таков дебакл, а по тој дебакл ќе треба да си замине засекогаш од политиката, е заклучокот од партиската реакција.

AlfaTV

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk