Денеска (27.09.2026) во 9:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка во координација со Единицата за интервента полиција при СВР Скопје во дворот на негововиот дом го лишија од слобода Ц.А.(26).
Тој бил баран по централна потерница од 06.08.2026 од Основен Суд Скопје-1 по член 258 ст.1 вв член 22 изречена мерка притвор и централен распис од 17.04.2026 од СВР Скопје за сторено кривично дело по член 386 ст.6.
Од страна на Единицата за интервента полиција при СВР Скопје Ц.А. е предаден во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постака.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата