УРЕДЕН ПРОСТОРОТ ОКОЛУ ЖИЧАРАТА НА ВОДНО – Ѓорѓиевски апелира граѓаните да го чуваат

Vecer | 21.11.2026

УРЕДЕН ПРОСТОРОТ ОКОЛУ ЖИЧАРАТА НА ВОДНО – Ѓорѓиевски апелира граѓаните да го чуваат
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Водно доби ново детско катче, обновени клупи, канти за отпадоци и летниковци, а дрвените елементи во просторот се освежени со нова боја. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека во изминатиот период биле реализирани повеќе активности за уредување на планината и просторот околу жичарата.

Во објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски посочува дека за илјадници скопјани Водно е омилено место за прошетки и одмор, поради што неговата заштита и уредување се меѓу приоритетите на градската администрација.

– За мене како градоначалник, заштитата на Водно и обновата на местата каде што скопјани се собираат и одмораат се меѓу најважните приоритети – наведува Ѓорѓиевски.

Тој информира дека бил уреден влезот кон жичарата, а било изградено и ново детско катче. Обновени се клупите, кантите за отпадоци и летниковците, додека дрвените елементи добиле нова боја.

Градоначалникот упати благодарност до компанијата „Филип Морис“ за поддршката во уредувањето на овој простор.

Како што наведува Ѓорѓиевски, претходно бил поставен и нов асфалт на патот кон Средно Водно, а за првпат била поставена и ЛЕД-расвета. На планината бил изграден и моторички парк, каде што децата преку игра на отворено можат да ја вежбаат рамнотежата и координацијата.

Ѓорѓиевски ги повика граѓаните да се грижат за животната средина и да го чуваат уредениот простор.

– Да внимаваме каде го оставаме отпадот, да ги чуваме дрвјата и сето она што е направено за сите нас. Да го оставиме Водно чисто по секоја прошетка и зелено за секоја следна генерација! – порача градоначалникот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk