Дезинсекција од воздух над Скопје во четврток и петок

Vecer | 28.07.2026

Дезинсекција од воздух над Скопје во четврток и петок
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Авионска дезинсекција против возрасни комарци на подрачјето на Скопје ќе се спроведе на 30 и 31 јули, доколку временските услови бидат поволни, соопшти денеска Град Скопје.

Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира на 30 и 31 јули, со авионска дезинсекција, доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови, за што јавноста ќе биде навремено информирана – стои во објавата на фејсбук.

Од Град Скопје информираат дека во текот на изминатите месеци биле реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарците. Дезинсекцијата против ларви била спроведена со авионски третмани на 7 мај, 11 јуни и 10 јули, како и со теренски третмани на 26 јуни и 23 јули.

Во рамки на мерките против возрасни комарци, биле извршени авионски дезинсекции на 1 и 2 јуни, како и на 27 и 28 јуни, додека теренски третмани биле реализирани на 18 и 20 јуни, како и на 13 и 15 јули.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk