Премиерот Христијан Мицкоски најави обид за придвижување на евроинтегративниот процес и надминување на застојот со Бугарија, по советите добиени од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Запрашан дали се разговарало за нови предлози за деблокада, Мицкоски откри дека веќе следната недела македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија патува за Софија, примарно поради проектите на Коридорот 8.
– Јас веднаш побарав министерот да испрати дипломатска нота и да побара термин за средба или состанок со неговата колешка, за да почнеме процесот од некаде да го движиме, истакна премиерот Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата