Што се случи? Во Македонија ДЕКЛАРИРАНИ 3.500 БУГАРИ, а ГЛАСАЛЕ САМО 352

Vecer | 28.10.2026

Што се случи? Во Македонија ДЕКЛАРИРАНИ 3.500 БУГАРИ, а ГЛАСАЛЕ САМО 352

На претседателските избори во Бугарија одржани на 25 октомври 2026 година, во Македонија гласале вкупно 352 бугарски државјани.

Гласањето се одржа на седум избирачки места: во Скопје (амбасада, 105 гласачи), Охрид (51), Битола (конзулат, 49), Струмица (44), Кавадарци (39) и по 32 во Кочани и Прилеп.

Гласањето се одвиваше на седум изборни места низ земјата. Според податоците од медиумите претходно за гласање електронски се пријавиле 265 граѓани, но конечната бројка на излезени гласачи изнесуваше 352 бидејќи постоеше можност за запишување на самото место.

Најмногу од гласовите во Македонија (околу 40,7%) освоила претседателската двојка Илијана Јотова и Кирил Валчев.

Овој одзив бележи пад во споредба со претходните парламентарни избори во Бугарија од април оваа година, кога во Македонија гласаа 463 бугарски државјани.

Од вкупниот број на декларирани Бугари во Македонија, односно од околу 3500, гласале само 352 што претставува 10,6 проценти или само секој десетти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk