Акција на зелениот пазар во Чаир: ЗАПЛЕНЕТИ 135 КИЛОГРАМИ ТУТУН И 30 ЛИТРИ АЛКОХОЛ

Vecer | 28.10.2026

Акција на зелениот пазар во Чаир: ЗАПЛЕНЕТИ 135 КИЛОГРАМИ ТУТУН И 30 ЛИТРИ АЛКОХОЛ

Царински службеници од Царинарница Скопје и мобилни тимови од Одделението за оперативни работи извршија претрес на тезги на зелениот пазар во Чаир, при што запленети се 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол, за кои е избегнато плаќање акциза во висина од 337.558 денари.

При контролата на акцизни производи на тезгите на зелениот пазар во Чаир, фатени се три лица како продаваат акцизни производи без акцизни маркички. Тие, противзаконски ја ставилe акцизната стока во продажба, без претходно да платат акциза кон државата.

Против две лица се поднесени прекршочни пријави, а против едно лице кое продавало акцизни производи за кои е избегнато плаќање акциза од 257 илјади денари, ќе биде поднесена кривична пријава согласно Кривичниот законик.

Со сеопфатен пристап, преку засилени истраги за увози на тутун и тутунски производи и контроли на внатрешниот пазар, јасно ги покажуваме заложбите за сузбивање на нелегалната трговија со тутун и тутунски производи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk