ФОТОГАЛЕРИЈА | „34 ГОДИНИ ЧЕСТ, ТРАДИЦИЈА И СИГУРНОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА“ - Тошковски од Охрид за Денот на Армијата

Vecer | 18.08.2026

ФОТОГАЛЕРИЈА | „34 ГОДИНИ ЧЕСТ, ТРАДИЦИЈА И СИГУРНОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА“ - Тошковски од Охрид за Денот на Армијата
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

34 години од формирањето на современата македонска Армија денеска се одбележаа со централна свеченост во Охрид, на која присуствуваше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. По повод Денот на Армијата – 18 Август, Тошковски упати честитки до сите припадници на Армијата, истакнувајќи го нивниот придонес во заштитата на државата и граѓаните, како и нејзината улога како еден од столбовите на безбедносниот систем.

„Од борбата за слобода и создавањето на македонската државност, преку осамостојувањето, па сè до денешната современа македонска Армија, низ генерациите се протега иста вредност – одговорноста да се чуваат татковината, слободата и безбедноста на граѓаните. Денес со гордост можеме да кажеме дека имаме модерна, професионална и почитувана Армија, која претставува еден од најцврстите столбови на македонската држава и нашиот безбедносен систем. Како Армија на земја членка на НАТО, денес рамноправно стоиме со нашите сојузници и придонесуваме кон колективната безбедност“, истакна министерот Тошковски.

Тој ја нагласи и важноста на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Армијата во рамки на целокупниот безбедносен систем на државата.

„Како министер за внатрешни работи, особено сум горд на соработката меѓу македонската полиција и Армијата. Кога станува збор за безбедноста на Македонија, имаме иста цел и иста обврска – да ги чуваме граѓаните, државата и нејзините интереси. Силна Армија, силна полиција и силни безбедносни институции значат сигурна и стабилна Македонија“, потенцираше Тошковски.

Во рамки на одбележувањето на Денот на Армијата, министерот Тошковски вчера положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните, како и на вечните почивалишта на претседателите Борис Трајковски и Киро Глигоров и на генералот Михаило Апостолски, оддавајќи почит на оние кои се вградиле во создавањето и развојот на македонската држава.

Министерот Тошковски на сите припадници на Армијата им упати искрена благодарност за нивната служба и посветеност кон татковината, честитајќи им го 18 Август – Денот на Армијата и 34-годишнината од формирањето на современата македонска Армија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk