logo
logo
logo

Нови податоци на Евростат

МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКИОТ ВРВ - Минималната плата расте побрзо од повеќето земји во Европа

Vecer | 04.08.2026

МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКИОТ ВРВ - Минималната плата расте побрзо од повеќето земји во Европа

Минималната плата во Македонија е меѓу најбрзо растечките во Европа, покажуваат најновите податоци на Евростат. Од 29 европски земји, само осум пријавиле зголемување на бруто минималната плата од јануари 2026 година, во период кога инфлацијта во еврозоната достигнала 3,2 проценти. 

Највисока бруто минимална плата во Европа во јули има Луксембург со 2.771 евро, пред Ирска (2.391 евро), Германија (2.343 евра), Холандија (2.338 евра) и Белгија (2.234 евра). Франција е веднаш зад нив со 1.867 евра.

Во групата земји со минимална плата меѓу 1.000 и 2.000 евра се Словенија, Шпанија, Литванија, Полска, Кипар, Грција, Португалија и Хрватска.

Повеќе од половина од анализираните земји имаат минимална плата под 1.000 евра. Најниски износи се забележани во Украина со 169 евра и Молдавија со 313 евра. Во Европската Унија најниска минимална плата има Бугарија со 620 евра, додека од земјите кандидати повисоки минимални плати имаат Турција (621 евро), Македонија (624 евра), Црна Гора (670 евра) и Србија (743 евра).

Кога минималните плати се споредуваат според куповната моќ, рангирањето значително се менува. На прво место е Германија, пред Луксембург, Холандија, Белгија и Ирска.

Според овој показател, Македонија со 1.142 единици на куповна моќ се рангира пред седум земји членки на Европската Унија, меѓу кои Малта, Словачка, Унгарија и Чешка. Србија, исто така, се наоѓа пред неколку земји од Унијата.

Од јануари до јули 2026 година, Македонија забележала најголемо зголемување на минималната плата меѓу анализираните земји – 6,9 проценти. Следуваат Романија и Естонија со по 6,8 проценти, Белгија со 5,8 проценти, Грција со 4,5 проценти, Луксембург со 2,5 проценти, Франција со 2,4 проценти и Холандија со 1,9 проценти.

Во останатите земји опфатени со анализата, минималната плата останала непроменета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk