logo
logo
logo

Странските возачи можат онлајн да ги проверуваат и да ги плаќаат казните од „СЕЈФ СИТИ“

Vecer | 20.08.2026

Странските возачи можат онлајн да ги проверуваат и да ги плаќаат казните од „СЕЈФ СИТИ“

Странските возачи отсега ќе можат електронски да ги проверуваат и да ги плаќаат сообраќајните казни евидентирани преку системот „Безбеден град“. Министерството за внатрешни работи информира дека е ставена во функција новата веб-апликација со мобилен интерфејс, наменета за сопственици и возачи на возила со странски регистарски таблички.

Преку апликацијата корисниците ќе имаат увид во сообраќајните прекршоци регистрирани со системот „Безбеден град“, издадените прекршочни платни налози, како и можност глобите да ги платат по електронски пат.

За да се најават, странските возачи треба да ја фотографираат или скенираат патната исправа и да ја внесат регистрацијата на возилото или возилата што ги користат во Македонија.

Од МВР посочуваат дека на овој начин возачите кои ќе бидат евидентирани дека направиле сообраќаен прекршок ќе можат навремено да се информираат и да ја подмират обврската, без дополнително задржување на граничните премини.

Воведувањето на апликацијата е дел од дигитализацијата на услугите поврзани со „Безбеден град“, а од МВР најавуваат дека во следните фази ќе бидат проширени и нејзините функционалности за други категории корисници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk