logo
logo
logo

ОД ЛЕТОТО 2027 РОАМИНГ со Европа по цени како дома?

Vecer | 02.10.2026

ОД ЛЕТОТО 2027 РОАМИНГ со Европа по цени како дома?

Во Виена, каде се одржа конференција за Западен Балкан во т.н. формат „Славков“, што е иницијатива на Австрија, Словачка и Чешка, еден европски претставник првпат спомена конкретен рок кога македонските граѓани би можеле да очекуваат почеток на можноста да разговараат по телефон секаде во Унијата по цени како дома, пишува „360 Степени“.

Австриската министерка за европски прашања, интеграција и семејство, Клаудија Бауер, го наведе идното лето како датумот кога би почнал овој режим во роамингот.

„Ја повикувам Европската комисија да го постави летото 2027 година како цел за сите шест партнери да се приклучат кон зоната за роаминг на ЕУ. Десет години откако укинувањето на доплатите заврши во рамките на Европската Унија, луѓето што го посетуваат Западен Балкан треба исто така да ги користат своите телефони под исти услови како дома. Ни треба еден координиран пакет, заеднички шаблони за договори, паралелни преговори и јасни рокови за потребните реформи и договори. Секој партнер мора да ги исполни условите – оние што се подготвени порано, треба да можат да напредуваат порано. Заштедите мора да стигнат до сметките за телефон на луѓето пред следното лето“, изјави Бауер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk