Дваесет и четиригодишен скопјанец викендов бил пронајден починат во својот дом во општина Гази Баба. Трагичниот случај во Секторот за внатрешни работи Скопје бил пријавен во саботата, на 4 јули 2026 година во 12:50 часот, од страна на Службата за итна медицинска помош. Според првичните информации наведени во полицискиот билтен, починатиот М.Ц. од Скопје претходно имал одредени здравствени проблеми.
Лекар од Итната помош на местото на настанот констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на младото момче е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата