Почнува од 1 декември

ПЕТ ДЕНА БОЛЕДУВАЊЕ ОД МАТИЧЕН, а потоа во сила нови правила

Vecer | 10.11.2026

ПЕТ ДЕНА БОЛЕДУВАЊЕ ОД МАТИЧЕН, а потоа во сила нови правила
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

За дваесетина дена, од 1-ви наредниот месец стапуваат на сила нови правила за одобрување на боледување. Врз основа на сопствена проценка, лекарите од примарната здравствена заштита ќе бидат овластени да одобрат боледување во траење до пет дена, што е намалување во однос на претходниот лимит од седум дена.

Доколку боледувањето продолжи и по петтиот ден, ќе се применуваат одредени медицински критериуми, утврдени според дијагнозата, а може да бидат потребни и дополнителни медицински прегледи.

За хронични состојби, може да се користат постоечките медицински наоди, под услов тие сè уште да важат.

Како општо правило, за боледување подолго од 60 дена ќе биде потребно заедничко мислење од тројца специјалисти, при што се предвидени исклучоци за одредени тешки болести.

Од Фондот за здравствено осигурување појаснуваат дека лекарите од примарната здравствена заштита ја задржуваат надлежноста да одобруваат боледување во траење до 15 дена, додека за подолги периоди одлучува лекарска комисија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk