logo
logo
logo

Нафтен бизнис под лупа

ФИКТИВНИ КНИЖЕЊА, ЛАЖНИ ДЕЛОВНИ КНИГИ И НАФТЕНА ИЗМАМА - Пријава за даночно затајување од над 117 илјади евра

Vecer | 04.08.2026

ФИКТИВНИ КНИЖЕЊА, ЛАЖНИ ДЕЛОВНИ КНИГИ И НАФТЕНА ИЗМАМА - Пријава за даночно затајување од над 117 илјади евра

Фиктивни книжења и неплатен данок од над 117 илјади евра се предмет на кривична пријава што Управата за финансиска полиција ја поднесе до Основното јавно обвинителство Скопје против сопственик и управител на правно лице, како и против самата компанија. Според пријавата, постои сомнение дека биле сторени кривични дела „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“, со што буџетот бил оштетен за околу 7,2 милиони денари.

Според Финансиската полиција, првопријавениот М.Д., како сопственик и управител на компанијата, во 2021 година преку фиктивни сметководствени книжења присвоил 114.500 евра  од продажба на нафта и нафтени деривати, при што не пресметал и не платил данок на личен доход во износ од 12.700 евра.

Воедно, со фиктивни книжења ги намалил залихите, приходите и обврските за данок на додадена вредност, а ја зголемил набавната вредност на продадената стока, со што, според сомнежите, избегнал плаќање на ДДВ во износ од 26.900 евра., данок на личен доход од 12.700 евра и данок на добивка од 10.800 евра.

Финансиската полиција наведува дека во 2024 година осомничениот присвоил и стокова залиха во вредност од околу 205.400 евра, без да ја евидентира како кусок во сметководствената документација, при што не пресметал и не уплатил ДДВ од 31.300 евра и данок на личен доход од околу 22.800 евра.

Со овие дејствија, според пријавата, осомничениот и правното лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија за вкупно 117.000 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk