Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Метју Лосон, при што разговараа за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување, информираа од Општината.
На средбата било нагласено значењето на партнерските односи меѓу двете земји, изградени врз меѓусебна доверба, како и поддршката што Обединетото Кралство ја дава во јакнењето на демократските процеси и институционалниот развој.
„Дипломатските средби имаат вистинска вредност кога создаваат цврсти партнерства и доверба. Обединетото Кралство останува наш значаен партнер и ја цениме неговата континуирана поддршка во зајакнувањето на институциите и демократските процеси во државата“, изјави Меџити.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата