logo
logo
logo

ВНИМАНИЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ДРАЧЕВО - Вечерва затворете ги прозорците!

Vecer | 14.08.2026

ВНИМАНИЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ДРАЧЕВО - Вечерва затворете ги прозорците!

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва ќе спроведе трета вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците.

Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. Оваа трета вонредна интервенција се надоврзува на досегашните активности кои започнаа кон крајот на минатиот месец со првото прскање, кое исто така беше насочено кон возрасните инсекти. Континуитетот продолжи пред два дена со втората акција, кога екипите на терен вршеа уништување на ларвите со соодветен ларвицид во каналите и влажните места.

– Уште еднаш ги потсетуваме пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради вечерашните активности. Истовремено, за акцијата да се реализира безбедно и ефикасно, ги замолуваме граѓаните во наведениот временски период, доколку се во можност, да ги држат затворени прозорците и вратите од своите домови – велат од Општина Кисела Вода.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk