Во Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2026 година, во Поглавјето 10 – Дигитална трансформација и медиуми, Европската комисија констатира „добар напредок“ и го подигнува нивото на подготвеност на државата - нагласува министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
-Европската комисија го препозна напредокот во дигитализацијата на Македонија. Од оценка „ограничен напредок“ во периодот 2021–2024, преку „одреден напредок“ во 2025, до „добар напредок“ годинава. Зад оваа промена стојат многу работа, посветен тим и конкретни резултати. Повеќе електронски услуги и удвоено користење од граѓаните. Подобра електронска размена на податоци меѓу институциите. Зајакната кибербезбедност. Нови закони и стратегии усогласени со европските стандарди - напиша Андоновски на објавата на „Фејсбук“.
За мене, како што посочува министерот, најважно е реформите да се чувствуваат во секојдневието - помалку чекање, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните и компаниите.
-Оценката е признание за сработеното и обврска да продолжиме уште посилно. Ја градиме дигитална Македонија - потенцира министерот Андоновски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата