logo
logo
logo

СО НОЖ УБИЕН ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН (22) ВО СТАРА ЧАРШИЈА

Vecer | 01.01.2026

СО НОЖ УБИЕН ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН (22) ВО СТАРА ЧАРШИЈА

Ноќеска е убиен државјанин на Турција со нож во Старата чаршија во Скопје, а друго лице е тешко повредено, соопшти полицијата.

„На 1.1.2026 година во 1.11 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред угостителски објект во Стара скопска чаршија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што 2 лица се здобиле со повреди од остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и ги пронашле со повреди од остар предмет А.М.Д.(22) од Турција, кај кого во 1.30 часот лекар од Итна медицинска помош констатираше смрт и Ч.Е.(23) од Турција, кој е пренесен во Комплексот клиники Мајка Тереза за укажување помош. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски соопшти дека новогодишната ноќ во Македонија помина главно мирно, а се случиле два сериозни инциденти – убиство на турски државјанин со нож и тешко повредено двегодишно дете, на засега непознат начин, кое е во животозагрозувачка состојба во Клиничкиот центар во Скопје.

Во врска со убиениот турски државјанин, тој кажа дека во инцидентот е тешко повредено уште едно лице и дека двајцата добиле повреди од остар нож.

– Имаме осомничено лице, во интерес на истрагата не би можел да отворам повеќе детали. Моментно лицето е во бегство. Станува збор за поголем број учесници во вчерашниот кривично-правен настан и според информациите што ги имам досега, сите се странски државјани – рече Тошковски.

За повреденото дете, кое е повредено во пределот на главата министерот рече дека повредата е од „метален фрагмент кој во моментов не може детално да се специфицира“.

– Има повеќе теории на случај за тоа како е повредено детето. Штом точно ги утврдиме причините за настанување на оваа тешка телесна повреда ќе ја информираме јавноста – рече Тошковски.

Директорот на ТОАРИЛУЦ д-р Игор Мерџановски, денеска соопто дека ноќеска примиле двегодишно дете со непознати лични податоци со тешка прострелна повреда на главата од огнено оружје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk