Приведен кичевчанец поради физичка пресметка со членови од семејството

Vecer | 03.08.2026

Приведен кичевчанец поради физичка пресметка со членови од семејството
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Полицијата привела 42 годишен кичевчанец откако добиле пријава дека во раните утрински часови решил физички да нападне членови од семејството.

На 02.08.2026 во 03:20 часот, на улицата „Стојан Сандески“ во Кичево, од страна на полициски службеници од ПС Кичево од слобода е лишен М.Ц.(42) од Кичево, по претходна пријава дека во семејниот дом физички нападнал членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk