Седумдесет и едногодишен прилепчанец е лишен од слобода откако бил пријавен за полово вознемирување и обид за несоодветно допирање на 40-годишна жена во нејзиниот дом во Прилеп.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 7 јули 2026 година околу 19 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.В. (71) од Прилеп, постапувајќи по пријава од 40-годишна прилепчанка.
Според пријавата, додека жената се наоѓала во својот дом заедно со нејзината малолетна ќерка, во домот дошол Д.В., по што, според пријавеното, полово ја вознемирувал и се обидел да ја допира по телото.
Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата