logo
logo
logo

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ БЕРОВО - 16 годишник пренесен во болница

Vecer | 06.08.2026

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ БЕРОВО - 16 годишник пренесен во болница

Шеснаесетгодишен мотоциклист од Берово се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат Берово–Абланица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Несреќата била пријавена на 5 август околу 17:20 часот, а во неа учествувале мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од малолетникот, и патничко возило „БМВ“ со британски национални ознаки, управувано од И.С. (47) од Скопје. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кочани.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Берово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk