ВЛАДАТА ПРЕГОВАРА СО ЕУ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТРАНСПОРТЕРИ - Нови договори против ограничувањето 90/180

Vecer | 24.08.2026

ВЛАДАТА ПРЕГОВАРА СО ЕУ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТРАНСПОРТЕРИ - Нови договори против ограничувањето 90/180
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Владата продолжува да бара решенија за проблемот со ограничувањето на престојот на македонските професионални возачи во Шенген-зоната преку склучување билатерални договори со земјите членки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој посочи дека државата веќе има постигнато договори со дел од земјите, а во следниот период ќе продолжат разговорите со други држави со цел да се обезбеди поголема покриеност на рутите по кои најчесто се движат македонските транспортери.

„Имаме целосно разбирање за транспортерите и се обидуваме во рамки на нашите можности да помогнеме и да изнајдеме решенија. Се работи за правила во Шенген-зоната, а она што ние можеме да го направиме е да потпишуваме билатерални договори со земјите членки“, рече Николоски.

Според него, договори веќе има со Швајцарија, Хрватска и Романија, додека во тек се активности за постигнување договори и со други земји.

Во текот на септември е предвидена средба на високо ниво со австриската влада, а во октомври со словенечката. Паралелно, Министерството за транспорт работи и на разговори со Германија.

Николоски нагласи дека целта е со билатералните договори да се опфатат државите низ кои минуваат најголем број македонски транспортни компании и нивните возачи.

Тој додаде дека Владата и Министерството за транспорт ќе продолжат со активностите за изнаоѓање дополнителни решенија за професионалните возачи, кои се соочуваат со ограничувањата поврзани со правилото 90/180 дена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk