logo
logo
logo

АНАЛИЗА НА ФАКТИТЕ - Растот на нето-платите за 75% повисок отколку во времето на СДС и ДУИ

Vecer | 15.10.2026

АНАЛИЗА НА ФАКТИТЕ - Растот на нето-платите за 75% повисок отколку во времето на СДС и ДУИ

Просечна нето исплатена плата во првите две години на владите на СДСМ/ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ, според бројки од Државниот завод за статистика, наведува пратeникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Според него, споредбата за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен за првите две години е:

СДСМ–ДУИ:

– јуни, 2017-та: 22.808 денари → јуни 2019-та 25.205 денари.

Раст: +2.397 денари, односно околу +10,5%.

ВМРО – ДПМНЕ:

– јули, 2024-та: 40.961 денар → јули, 2026-та 48.499 денари.

Раст: +7.538 денари, односно околу +18,4%.

Апсолутната разлика во растот е:

– 7.538 − 2.397 = 5.141 денар.

Процентуалниот раст во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ е околу 75% повисок од процентуалниот раст во првите две години на СДСМ/ДУИ.

Ако споредиме на просечно месечно ниво, просечната исплатена нето плата во времето на СДСМ/ДУИ растела 100 денари на месец, а за истиот период во време на ВМРО – ДПМНЕ 314 денари на месец !

Односно, во првите две години на ВМРО – ДПМНЕ растот на просечната нето-плата во денари е околу 3,15 пати поголем во периодот на владата на СДСМ/ДУИ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk