Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека системот „Безбеден град“ во првата недела од декември официјално ќе започне да се применува и на подрачјето на СВР Струмица.
Следно на ред е СВР Штип, каде што активностите треба да завршат до крајот на годинава. По него останува уште подрачјето на СВР Битола, за чие опфаќање ќе бидат потребни најмногу месец до месец и половина.
Тошковски очекува до февруари системот „Безбеден град“ да биде воведен на територијата на цела Македонија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата