Почист Вардар и поздрава животна средина: НАЈГОЛЕМИОТ ЕКОЛОШКИ ПРОЕКТ ВО МАКЕДОНИЈА ЗАБРЗАНО НАПРЕДУВА

Vecer | 21.07.2026

Почист Вардар и поздрава животна средина: НАЈГОЛЕМИОТ ЕКОЛОШКИ ПРОЕКТ ВО МАКЕДОНИЈА ЗАБРЗАНО НАПРЕДУВА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

По првичниот застој, предизвикан од незавршени административни процедури, неусвоени детални урбанистички планови, експропријација на земјиштето и задоцнети плаќања кон изведувачот, денес изградбата на Пречистителната станица за Скопје се одвива со забрзана динамика и согласно планираниот работен план, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Речиси 40% од градежните работи се веќе завршени. Согласно договорот склучен меѓу ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и изведувачот, завршувањето на градежните активности е предвидено во првата половина на 2028 година. Потоа следуваат две години пробна работа, која треба да заврши во првата половина на 2030 година.

– Ова значи почист Вардар, поздрава животна средина и посигурна иднина за генерациите што доаѓаат. Најголемиот еколошки проект во Македонија забрзано напредува, затоа што Скопје заслужува чиста, модерна и европска иднина! Пречистителната станица за Скопје е најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, комплексен зафат кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и ќе донесе историска промена во заштитата на Вардар, животната средина и здравјето на граѓаните – напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk