logo
logo
logo

(Видео) ДВАЈЦА ОД МОТОР ГО УБИЛЕ 26 ГОДИШНИКОТ во Скопје - МВР со официјални детали

Vecer | 07.09.2026

(Видео) ДВАЈЦА ОД МОТОР ГО УБИЛЕ 26 ГОДИШНИКОТ во Скопје - МВР со официјални детали

Двајца напаѓачи на мотоцикл пукале кон група од петмина скопјани, при што бил погоден 26-годишниот А.М., кој подоцна починал во болница, соопшти Министерството за внатрешни работи, откривајќи ги првите официјални детали за синоќешното убиство во Скопје.

Пукањето било пријавено на 6 септември околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата меѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.

Според МВР, во моментот на нападот Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б. (36), Е.Б. (25) и А.М. (26), сите од Скопје, стоеле пред излог на фирма.

Тогаш пред нив застанал мотоцикл на кој имало две лица. Од мотоциклот било пукано со огнено оружје кон групата, по што двајцата напаѓачи побегнале.

Еден од испуканите проектили го погодил А.М. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што починал.

Од МВР засега не соопштуваат дали напаѓачите се идентификувани, ниту што е можниот мотив за убиството.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk