Денеска и утре времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност. Од среда следува период на нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер и грмежи, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во понеделник ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се движи од 8 до 19 степени, а максималната од 28 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата