logo
logo
logo

МОТОЦИКЛИСТ ЗАГИНА - Тешка сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

Vecer | 07.09.2026

МОТОЦИКЛИСТ ЗАГИНА - Тешка сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

Тешка сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила вчера попладне на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во атарот на селото Градец.

Според информациите, мотоцикл со неготински регистарски ознаки, управуван од М.Н. (50) од Неготино, удрил во банкина.

Од здобиените повреди, 50-годишниот мотоциклист починал на самото место.

Несреќата била пријавена во ОВР Крива Паланка, а увид на местото извршила полициска екипа.

Се очекува надлежните да ги утврдат околностите под кои дошло до трагичната сообраќајна несреќа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk