logo
logo
logo

ДПИ: Извршени 518 инспекции, издадени 210 казни во вредност од 3,5 милиони денари

Vecer | 29.07.2026

ДПИ: Извршени 518 инспекции, издадени 210 казни во вредност од 3,5 милиони денари

Во период од 20.07.2026 до 26.07.2026 година, Државниот пазарен инспекторат изврши 518 надзори низ цела територија на Македонија, за што се издадени 210 прекршочни платни налози во вредност од над 3.506.082,00 денари, односно по:

Закон за трговија, извршени се 104 надзори, издадени се 44 прекршочни платни налози;

Закон за заштита од пушење, извршени се 11 надзори, издадени се 8 прекршочни платни налози;

Закон за угостителска дејност, извршени се 141 надзори, издадени се 75 прекршочни платни налози;

Закон за заштита на потрошувачи, извршени се 16 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;

Закон за занаетчиство, извршени се 36 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;

Закон за финансиска дисциплина, извршени се 120 надзори, издадени се 50 прекршочни платни налози;

Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, извршени се 7 надзори, издадени се 3 прекршочни платни налози.

Закон за техничките барања за производите и оцена на сообразност, извршени се 8 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;

Закон за метрологија, извршени се 8 надзори, издадени се 4 прекршочни платни налози;

Закон за градежните производи, извршени се 16 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;

Закон за инспекциски надзор, извршени се 2 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;

Закон за Државен пазарен инспекторат, извршени се 5 надзори, не се издадени прекршочни платни налози;

Закон за општа безбедност на производите, извршени се 3 надзори, не се издадени прекршочни платни налози.

Закон за туристичка дејност, извршени се 7 надзори, не се издадени прекршочни платни налози.

Изречени се 26 опомени, врз основа на кои во наредниот период ќе бидат извршени контролни надзори во согласност со закон.

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори во рамките на своите надлежности со сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи.

Државниот пазарен инспекторат постапува во согласност со законите и годишниот и месечен план за работа. Дополнително, покрај редовните надзори, постапува и по пријави доставени од граѓаните и други институции согласно законската регулатива.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk