Засилените полициски и инспекциски контроли на Охридското Езеро открија вистински хаос во водниот сообраќај среде екот на туристичката сезона. Во само една акција на граничната полиција и Капетанијата беа констатирани дури 52 прекршоци, при што деветмина возачи биле фатени како управуваат глисери и чамци под дејство на алкохол. Најчестите дивеења на вода вклучуваат возење со истечени дозволи, неносење појаси, претовар на објектите, ноќно пловење без светла и опасно глисирање во близина на капачите.
Особена опасност за сигурноста на плажите претставуваат сопствениците на водени скутери кои не ја почитaат законската оддалеченост од 300 метри од брегот. За овој прекршок е предвидена парична казна од 250 евра, а при повторување на делото следува и трајно одземање на скутерот. Неправилности се забележани и кај педалинките, каде издавачите им ги даваат на малолетници или дозволуваат преоптоварување со повеќе од четири лица без заштитни елеци. Дополнителен проблем е и недоволниот број на спасувачи на плажите, иако во моментот на 11 капалишта се распоредени 13 спасители.
За да се спречат трагедии, Министерството за транспорт воведе строги ограничувања: возењето скутери е целосно забрането од 11:00 до 19:00 часот на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Воведени се и забрани за ноќно пловење со чамци по 21:00 часот, а надлежните најавуваат дека неделните контроли ќе продолжи со уште поголема жестокост.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата