logo
logo
logo

УКРАИНА И МОЛДАВИЈА НЕМААТ КОДОШИ, кај нас опозицијата работи за туѓи интереси, вели Мицкоски

Vecer | 15.06.2026

УКРАИНА И МОЛДАВИЈА НЕМААТ КОДОШИ, кај нас опозицијата работи за туѓи интереси, вели Мицкоски

Разликата помеѓу овие две земји и нашата е тоа што ние ја контролираме целата држава и немаме такви проблеми какви што имаат тие и кај нив опозицијата не работи против своите граѓани и против својата влада, не ја кодоши сопствената влада и не работи за интересите на туѓи влади кои имаат поинакви интереси, како што е случајот кај нас, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска најавата дека од јули ЕУ почнува преговори за сите области од пристапниот процес со Украина и со Молдавија.

– И поранешните власти во овие две држави обезбедувале консензус кога станува збор за стратешки прашања и за надворешни предизвици. Тоа не го направи претходната влада, која беше во една, би рекол, прилично очајна состојба тогаш и беше подготвена да коленичи и да прифати бел лист хартијa за да остане на власт. Граѓаните тоа го препознаа, ги казнија и ги испратија во опозиција, на следните избори ќе ги испратат и на политичките маргини, а за нив брзо ќе избледи политичката меморија и никогаш повеќе нема да ни се повторат, рече Мицкоски.

Тој истакна дека Владата ќе продолжи да работи и да испорачува реформи, согласно Планот за раст.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk