logo
logo
logo

СРАМ ЗА ПРАВДАТА - ИНСТАЛАЦИИТЕ НА СДС И ДУИ СÈ УШТЕ АКТИВНИ ВО СУДСТВОТО - Десетици мртви, а нема одговорни

Vecer | 11.09.2026

СРАМ ЗА ПРАВДАТА - ИНСТАЛАЦИИТЕ НА СДС И ДУИ СÈ УШТЕ АКТИВНИ ВО СУДСТВОТО - Десетици мртви, а нема одговорни

Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај Ласкарци, каде загинаа 16 лица. 16 лица загинаа, а нема одговорни. Исто како што во правосудниот систем нема одговорност и за запалената модуларна болница на Венко Филипче, каде живи гореа луѓе. Во која друга држава и при кое друго судство може да загинат над 30 луѓе, а да нема виновни?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во исто време, на слобода е пуштен и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал.

Ова е сè што треба да знаете за судството водено од ДУИ и СДС, со 2 отсто доверба.

Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во Македонија. Сега е јасно дека инсталациите на СДС и ДУИ во правосудниот систем сè уште се активни. Затоа талогот останува најдолу“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk