logo
logo
logo

Наместо преку онкологија таблетарна терапија да се зема и во аптеки

Vecer | 28.07.2026

Наместо преку онкологија таблетарна терапија да се зема и во аптеки

Се спрема дополнителна децентрализација на онколошките услуги, со што дел од терапиите за пациентите со рак ќе се издаваат преку аптеките наместо исклучиво преку Клиниката за онкологија во Скопје, најави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

 Клековски се наврати дека лани два лека за лекување на рак на дојка веќе биле префрлени од болничката аптека во редовните аптеки, со што неколку илјади пациентки повеќе немаат обврска да патуваат до Скопје само за да ја подигнат терапијата. Во моментов анализираме и можност терапиите за рак на простата што се во таблетарна форма исто така да се издаваат преку аптеките.

Министерството истовремено ги анализира и капацитетите на онколошките центри во државата, меѓу кои Клиничката болница во Тетово, ГОБ „8 Септември“, Клиничката болница во Битола и Клиничката болница во Штип.

Според министерот Клекоски без посериозна децентрализација нема да се намалат гужвите на Клиниката за онкологија во Скопје, особено затоа што бројот на пациенти постојано расте благодарение на подобрите терапии и подолгото преживување.

Дополнителен предизвик, според него, е недостигот од апарати за радиотерапија. Во земјава моментално има само три активни линеарни акцелератори, иако, според стандардите, потребен е по еден на секои 200.000 до 300.000 жители.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk