logo
logo
logo

Заплена на кокаин во скопско

ВИДЕО| АКЦИЈА НА МВР ВО СКОПСКО - Запленета поголема количина кокаин, уапсен млад дилер

Vecer | 27.07.2026

ВИДЕО| АКЦИЈА НА МВР ВО СКОПСКО - Запленета поголема количина кокаин, уапсен млад дилер

Поголема количина кокаин е пронајдена при претрес во дом и други простории во скопското село Брест, при што е уапсен 23 - годишен жител. Акцијата ја провеле полициските службеници од единицата за недозволена трговија и единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

При претресот пронајдена била поголема количина кокаин.

„С.Б. е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба по член 215 од Кривичниот законик и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk