logo
logo
logo

Шефот на Уставен дециден

ЌЕ ИМАВМЕ 80 ДРЖАВИ ВО МАКЕДОНИЈА, ако не реагиравме за Тетово, рече Костадиновски

Vecer | 25.06.2026

ЌЕ ИМАВМЕ 80 ДРЖАВИ ВО МАКЕДОНИЈА, ако не реагиравме за Тетово, рече Костадиновски

Ако прогледавме низ прсти, ќе имавме 80 држави во државава, изјави во интервју на ТВ Сител претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, образложувајќи ја одлуката поврзана со преименувањето на улици и инфраструктурни објекти во Тетово. Според него, доколку Судот дозволел да се заобиколат законските процедури и потребните согласности, ќе се создал опасен преседан што би можеле да го следат и другите општини, што би водело кон правна анархија.

Костадиновски рече дека иницијативата не е поднесена пред 19 години, туку минатата година и нагласи дека предметот отвора суштинско прашање за владеењето на правото.

„Она што сакам граѓаните да го знаат бидејќи, со многу наши одлуки политичарите многу често манипулираат и лажат. И тоа безобзирно ги лажат граѓаните. Оваа одлука како и многу други одлуки што Уставниот суд ги има донесено кои се од повисоко општествено значење, т.н „балансер”, Законот за солидарен данок, Кривичниот законик, Изборниот законик…отвара едно круцијално прашање. Каква држава ние сакаме да изградиме, дали сакаме модерна, европска, функционална, правна држава да градиме или да останеме во она како што било со децении „квази” правна држава. Што е „квази” правна држава? Toa e држава кога е политиката e над се, политиката е над Уставот, политичарите се над институциите, политичарите одлучуваат за правата на граѓаните, моќта е во политичарите. Ние сакаме да живееме, односно јас како pретседател на Уставниот суд сме за отпор против тие тенденции. „Црн ден за Албанците”, сме ги рушеле постулатите на рамковниот договор… Ако Уставниот суд низ етничка призма дозволеше ваква одлука која почисто правна и не може да биде… дали имате согласност од Владата? -Немате, готово! Замислете ние да прогледавме низ прсти тогаш ние ќе имавме 80 држави во државава, 80 општини што ќе речат чекајте вие сте воспоставиле уставно судска пракса тогаш и ние можеме, не треба согласност ни за ДУП, не треба согласност ни за преименување…. тоа е правна анархија“, рече Костадиновски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk