На снимка која кружи по социјалните мрежи се гледа нов вознемирувачки случај на врсничко насилство и малтретирање меѓу скопските основци.

На снимката се гледа како девојче е клекнато на колена и моли за милост, додека неколку други девојчиња го навредуваат, му удираат шлаканици и го влечат за коса. Во меѓувреме, присутните не интервенираат, туку го снимаат инцидентот со мобилни телефони и ги бодрат напаѓачите.
„Ќутете да слушнеме како ќе пука“, вели едно од момчињата кое снима, чекајќи друго девојче да му удри шлаканица на малтретираното.
Вознемирувачкото видео може да го видите ТУКА
Од Секторот за внатрешни работи Скопје информираат дека досега не е поднесена официјална пријава за случајот.
„Се преземаат мерки по допрен глас за утврдување на идентитетот на лицата и за целосно расчистување на случајот“, велат од СВР Скопје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата