logo
logo
logo

НОВИ ДЕТАЛИ ВО СУДНИЦАТА - Градежни вештаци сведочат за неправилностите во „Пулс“

Vecer | 17.08.2026

НОВИ ДЕТАЛИ ВО СУДНИЦАТА - Градежни вештаци сведочат за неправилностите во „Пулс“

Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

На претходното рочиште, вештаците кажаа дека „Пулс“ нелегано бил пренаменет од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план. Со вештачењето е утврдено и дека биле поставени прегради од гипс-картон и врати кои претставувале директна пречка за евакуација. 

Вештите лица Душица Трпчевска Ангелковиќ и Маријана Лазаревска, зборуваа за аспекти од вештачењето поврзани со урбанизмот и градежните аспекти. 

Лазаревска, во судницата започна со презентирање фотографии од изведба на челични греди и столбови во приземјето на објектот - зграда 1, направени 2012 година, а во функција на направената пренамена од магацин за теписи и теписони, во угостителски објект. 

Одбраната реагираше на изведувањето на фотографиите без да се посочи каде точно се содржани во доказниот материјал, по што Судот го одложи рочиштето, со укажување на денешното продолжение да биде направена нумеричка презентација на фото записите. 

Лазаревска, претходно посочи дека на објектот биле изведени надворешни скали и настрешница,  преградни ѕидови од гипс картон со кои е формиран влез со двокрилна двонасочна врата, што, како што нагласи, е апсолутно недозволено од безбедносен аспект при евакуација. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk