Петнаесетгодишник бил фатен како управува камион без возачка дозвола во Скопје, додека покрај него во кабината седел неговиот татко. Случајот се случил во раните утрински часови, кога полициски службеници при сообраќајна контрола го запреле товарното возило „ивеко“ на улицата Горно Лисиче.
Од полицијата информираат дека малолетникот бил лишен од слобода, а за случајот е известен јавен обвинител за малолетници. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
„На 5.8.2026 во 2:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола на улицата Горно Лисиче полициските службеници сопреле товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал товарното возило во присуство на неговиот родител, пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот е известен јавен обвинител за малолетници. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопшти полицијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата